Делењето на милостина како лек против стресот

Милостината го лекува стресот

„Ниту еден од вас нема да биде вистински верник се додека не го сака за својот брат она што го сака за себе.“ – Мухаммед а.с.

Пратеникот, а.с., порачува: помагање на другите и исполнување на нивните потреби. Постојат многу хадиси кои ги изрекол Пратеникот на милоста, кои укажуваат на важноста на соработка, помагање на другите и задоволување на нивните потреби. Благородниот Пратеник, а.с., смета дека верата е непотполна се додека некој не почне да го сака на брат она што го сака за самиот себе! Тој, алејхи селам, цени дека не му е потполна верата на оној што спие, а знае дека неговиот комшија гладува, но и верувањето на оној кој примил гостин, а не му укажал почест, истотака е непотполно. Кој ќе му помогне на својот брат во неволја, Аллах ќе го помогне него во неговата неволја. Кој отстрани проблем на еден муслиман, Аллах ќе му отстрани еден од неговите проблеми на Судниот ден. И кој прикрие (срам на) еден муслиман, Аллах ќе ги прикрие неговите на Судниот ден. Врз основа на овие упатства, го забележувате значењето на Пратениковата, а.с., грижа за помагање на другите и добронамерната љубов кон нив, без оглед каков статус и да имале да се отстрани проблемот на еден муслиман во овој свет, да се покријат неговите недостатоци или се исполни неговата потреба. Благородниот Пратеник, а.с., рекол: „Кој верува во Аллах и Судниот ден нека не му нанесува штета на својот сосед, кој верува во Аллах и Судниот ден нека му укаже почест на својот гостин, и кој верува во Аллах и Судниот ден нека го зборува она што е добро или нека молчи.“ Да се биде дарежлив кон гостинот е пракса која ја сака Аллах, џ.ш., и Неговиот Пратеник, а.с., и Тој за тоа дава голема награда.

Исламот не само што наредува помагање на другите, туку бара да се престане и избегнува со нивно навредување и правење штета.

Експертите во психологијата потврдуваат дека помагањето на другите води до намалување на стресот, каде вклученоста во помагањето на другите потикнува излачување на ендорфин, хормон кој го помага чувството на психолошка леснотија и возбуди. Алан Лекс, поранешен директор  на “Health Promotion Institute” во САД, потврдил дека помагањето на други помага во намалувањето на интензитетот на стресот, каде помошта на други ја намалува нечијата преокупација од сопствените грижи и проблеми и на тој начин лицето чувствува психолошка пријатност, утеха.

Сега, откако научивме дека исламот води грижа за социјалните аспекти, одржува сигурност на општеството, кохезија и ширење љубов, наклонетост, симпатии и сочуство меѓу верниците, би запрашале: Дали постои научна надприродност или медицинска и психолошка корист во ова добро дело?

Овде имаме можност да ја разбереме важноста на зборовите на Семоќниот:

„И храна даваа – иако и самите ја посакуваа – на сиромавиот, сиракот и погодениот. Ние само заради Аллаховата љубов ве храниме, од вас ни признание ни благодарност не бараме!“ (Ед-Дехр, 8-9)

О, Аллах, исчисти ги делата наши, заради Твоето задоволство, стравот од Твојата казна и љубов кон Печатот на Пратениците, а.с.

Извор: Инфоислам

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа