Децата и мектебот – како од рана возраст да се живее исламот?

Многу е важно да водиме грижа за исправното исламско воспитување на нашите деца, посебно во ова време кое е полно со фитни и форми на неред-фесад.

Еден од најбитните патишта кон убавиот ахлак(однесување) на нашите деца е хифз(учење напамет) на Куран. Учењето на Куранот и неговото изучување спречува во срцето да настанат различни апетити и гревови, но затоа му дава светлина вистина и упатство, и затоа кој сака децата да му бидат од Аллаховите искрени робови а неговата награда за неговите дела да се продолжува и после смртта, тогаш нека ги подучува своите деца со Куран-Керим.

На него на Судниот ден ке му биде ставена круна на главата како што ни кажал Пратеникот саллалаху алејхи ве селлем, во значење на хадисот: Кој ке го учи Куранот и по него ке работи Аллах на Судниот Ден на неговите родители ќе им стави круна која ќе има светлост подобра од светлоста на сонцето(Ебу Давид)

Навистина е поголема чест кога твоето дете ќе го научи Куранот а не кога ке заслужи важно признание (диплома), или висока позиција (добра работа), па што е подобро оној кој ќе го научи Куранот со што го оживува своето срце или оној кој постигува нешто во дуњалукот, сите тие ке бидат собрани во кабур со она што го постигнале.

Но, за голема жал, денес често се случува да ги видиме родителите како му наредуваат на своето дете да оди во училиште за Куран а тоа во солзи ги моли да не оди.

Ке наброиме неколку причини зошто е тоа така:

Како прво, често гледаме како децета денеска се воспитуваат да го сакаат одморот, игрите и губењето време. Таткото (ако е дете) не го носи во џамија, а мајка му не го подучува со Куранот дома па макар и со кратки сури.

Од друга страна, гледаме дека некои родители сакаат на своите деца да ги подучат Куран, но тоа го постигнуваат со жестокост и удирања за се, па така и за Куранот. Кај таквите деца приметуваме дека немаат своја желба и дека се присилени, а тоа само им го попречува учењето и повторување на Куранот.

Третата причина е дека родителите кои ги пракаат своите деца во училиштата за Куранот не ги одбираат училиштата во кои има професори кои знаат како да се однесуваат со децата, односно кои се учени, кои истрајуваат во нивното учење и имаат сабур(трпение) со нив.

Четврта причина, е тоа дека децата понекогаш се оптеретуваат со премногу задачи кои не се во состојба да ги научат и да ги обноват за кратко време.

Извор: Иман.ба

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа