Израелски политички активист и писател Јури Авнери: „Муслиманска Шпанија била рај за Евреите“

Јури Авнери (Uri Avnery, роден е во 1923 година)

Израелски политички активист и писател. Роден е во Германија, во еврејско семејство. Авнери и неговото семејство емигрирале во Палестина во 1933. година, по доаѓањето на Адолф Хитлер на власт. Основач е на Gush Shalom мировното движење. Бил пратеник во повеќе мандати во Израелскиот парламент. Автор е на неколку книги за палестинско-израелскиот конфликт. Во интервјуто за списанието Outlook, за пратеникот Мухамед, Божјиот мир над него, и за муслиманите изјавил:

„Какви годе глупости да можат да се слушнат од одредени ,експерти‘, никогаш не бил распространет муслимански антисемитизам, како што постоел во христијанска Европа. Муслиманска Шпанија била рај за Евреите и во муслиманскиот свет никогаш немало холокасут. Дури и прогонствата биле исклучително ретки. Мухамед наредил следбениците на книгата (Евреите и христијаните) да се третираат толерантно, во согласност со условите кои биле неспоредливо полиберални откоклу во современа Европа. Муслиманите никогаш не им ја наметнувале својата вера на Евреите и на христијаните, како што се гледа од фактот дека речиси сите Евреи што биле протерани од католичка Шпанија се населиле во муслиманските држави и таму процутеле. По вековното муслиманско владеење, Грците и Србите темелно останале христијани.“

Извор: Anti Semitism: A Practical Manual; www.outlookindia.com/article.aspx?222699 / СТОТЕ СВЕТСКИ ВЕЛИКАНИ ЗА ИСЛАМОТ (Куранот, пратеникот Мухамед и муслиманите)

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа