Извонредните тактики на Халид ибн Велид – непоразениот војсководец

Халид бин Валид (Р.А.) бил неспорно најголемиот генерал што некогаш чекорел на оваа Земја.

Тој бил генерал на раните муслимански владетели и првите муслимански војски. Неговата 6-годишна воена кариера била кратка, но доволна за да застане како брилијантен генерал кој не само што им конкурираше на Наполеон Бонапарта, Јулиј Цезар, Ханибал и Александар Велики, туку и ги надминал. Без неговите неспоредливи воени подвизи Исламот каков што го знаеме денес немаше да постои. Неговите победи беа инструмент за обединувањето на Арабија, а подоцна тој успешно ги водеше муслиманските арапски војски против застрашувачките Персиски и Византиски Царства.

Халид е еден од ретките генерали во историјата кој никогаш не изгубил битка. Навистина, тој излезе како победник во секоја од 50-те битки од големи размери што ги водел против отпадничките племиња, христијани Арапи, Персиската империја и Византиската империја. непријателот секогаш имаше предност во квалитетот на оружјето и оклопот. Тоа што тој победуваше против таквиот непријател се должи само на неговата извонредна генијалност. Како тактичар му немаше равен. За време на неговите походи, тој се соочи со предизвикот дека војниците од армијата што ја поразил се приклучиле на друга војска против него, со што придонеле за нејзината помногубројна сила. Затоа, тој секогаш претпочиташе да го уништи својот непријател отколку само да го победи. За таа цел тој ја користеше речиси секоја тактика и смислуваше нови начини секогаш кога можеше. Одбивањето од едното крило, косиот ред, нападот од три страни, нападот од четири страни, заседа, ноќниот напад и лажното повлекување беа тактики што Халид во еден или друг период успешно ги користеше.

Тој, исто така, го изведе познатиот маневар со двојна обвивка на Ханибал , остварување на сонот на секој генерал. Халид се покажа дека е вешт во опсадите иако потекнува од народ кој имал малку или воопшто немал концепт за утврдувања или големи воени дејствија. Тој лесно ја надминуваше одбраната на малите утврдени градови. Првиот вистински предизвик на кој наиде бил градот Дамаск. Халид ги блокирал сите негови порти и исто така организираше патроли за да му помогне на загрозениот сектор. Тој ги поврзувал бранителите, па дури и ги уништувал силите за помош кои доаѓаа да ја кренат опсадата додека ја одржуваа блокадата. На крајот тој упаднал во Дамаск кога неговите жители беа зафатени со прослава. Халид исто така бил еден од првите генерали во историјата кој употребил психолошка војна. Тој формираше групи од елитни воини, мубаризун, чија задача беше да ги бара и убива офицерите на непријателската армија за да ја направи без водачи(нешто слично на снајперски или спец единици денес). Самиот Халид често го предизвикуваше противничкиот командант на дуел. Умен трик кој опонентот и неговото одбивање би го натерало да го изгуби лицето пред своите војници, а прифаќањето би значело сигурна смрт од рацете на Халид.

Дополнително, секогаш кога добивал засилување, Халид им наредувал да се приклучи засилувањето на неговата војска во повеќе групи и во раширена формација за да му остави впечаток на непријателот дека доаѓаат повеќе војници отколку што навистина има. Маршот на Халид низ пустината од Ирак до Сирија беше пример за неговата стратешка брилијантност. Неговиот пат на марширање го изненадил непријателот и му овозможил да се појави во задниот дел, што доведе до заземање на Басра. Исто така, неговата подоцнежна одлука да ги обедини муслиманските војски за битката кај Јермук била речиси исто толку важна како и самата победа, бидејќи во спротивно секоја од војските би била уништена. И покрај навидум неограничените методи за уништување на неговите непријатели, тајната на успехот на Халид беше само една работа: мобилноста. Налик на мобилноста на монголските орди на Џингис Кан, Наполеоновата Гранде Армија и Вермахтот на Германија од Втората светска војна. Заради тоа Хитлер ги користел методите на Халид Ибн Велид. Составени целосно од лесни трупи без тешка опрема и багаж носени на камили, арапските војски можеа да маршираат со брзина што често го изненадуваше непријателот подоцна попознати како Мамлучки единици.

Халид ја искористил оваа предност до максимум против тешката пешадија на Перзијанците и тешката коњаница на Византијците. Тој ја примени вообичаената доктрина на удри и повлечи се, организиран во помали групи.

Извор: Инфоислам

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа