Кои биле Зекерија(Захарија) и Јахја(Јован Крстителот) а.с.?

Зекерија ибн Ледун ибн Муслим ибн Садук ибн Ханшебан ибн Давуд ибн Сулејман ибн Муслим ибн Садикаибн Берхија ибн Белата ибн Нахор ибн Шелум ибн Бехшафат ибн Ејнамин ибн Рухајам ибн Сулејман ибн Давуд е татко на Јахја алејхи селам и еден од израелските пратеници. Тој го напуштил Дамаск и заминал за Бетанија барајќи го синот Јахја. Други пак велат дека веќе бил во Дамаск кога Јахја бил убиен.

А Аллах најдобро знае. Што се однесува до родословот постојат и поинакви мислења. Едни неговото име го читаат Зекеријја а другите Зекеријј, без вокалот „а“ на крајот.

Но сепак Аллах му наредува на Мухаммед алејхи селам да ја пренесе приказната за Зекеријја алејхи селам кому Аллах му подарил машко дете иако бил стар, и иако жена му била стара и немала пород дотогаш. Тоа е бидејќи никој не губел надеж во Аллаховата милост и добрина и бидејќи Аллах го познава чистото срце и го слуша тивкиот глас.

Некои учени од поранешните генерации велат: „Зекерија една ноќ станал и сокривајќи се од оние околу себе тивко го замолил Аллах : „Господару мој, Господару мој, Господару мој“, па Аллах му одговорил: „Ти се отповикувам, ти се отповикувам, ти се отповикувам!“ и кажал: „Господару мој коските мои се истрошени“, т.е. изнемоштени од старост, „и главата ми е обелена.“ Овде се употребува преносно значење на зборот „иште’але“, бидејќи така се вели за палење на огинот, со што сака да се каже дека косата му побелела откако била црна. Значи слабоста го обзела и одвнатре и од надвор.

За да се одлучи да ја упати таа молитва (дова) го навела една случка. Кога и да влегол кај мерјем(Марија) ќерка на Имран ибн Масан, за која се обврзал дека ќе ја чува, кај неа во собата каде што се молеле наоѓал овошје кое го немало во тој период на годината. Оттука видел дека оној кој дава овошје вон неговата сезона може нему да му даде дете иако веќе бил стар.

Тука Зекерија Го замолил Господарот свој: „Господару мој, подари ми од Себе честит потомок, бидејќи Ти, навистина, молбата ја слушаш!“ и „ Се плашам од роднините мои по крв, после мене, а жена ми е неплодна…“

Изгледа се плашел дека тие (роднините) после него меѓу Израелќаните ќе ги кршат Аллаховите прописи и одредби, па замоли да му се роди машко кое ќе биде праведно и богобојазно и со кој Аллах ќе биде задоволен. Затао кажал: „затоа подари ми наследник од Себе,“ т.е како ти можеш и знаеш „да ме наследи мене“, т.е во пратеништвото и власта над Израелќаните“ и „семејството Јакубово, и стори, Господару мој, да бидеш задоволен од него.“ Како што неговите предци од Јакубовото (Јаков- Израел) потомство биле пратеници, така и него дарувај го со тоа што и нив им го дари, т.е. со пратеништвото и објавата. Под ова не се мисли на наследување на имот.

Зекерија алејхи селам бил столар и со свои раце заработувал и така се хранел исто како што бил и Давуд (Давид) алејхи селам. Логично е човек, а посебно Пратеник, да не се труди многу да собира богаство кое после него други ќе го наследат.

  • О, Зекеријја, ти јавуваме радосна вест дека ќе ти се роди момченце, името ќе му биде Јахја, пред него никого не сме направиле нему сличен.Кога му стигнала радосната вест тој се зачудил и почнал да се чуди како тоа е можно на неговите години. Се вели дека имал 77 години. Но некои велат дека имал и повеќе. Се чудел за неговата жена која била неплодна, таа и во младост не раѓала.
    Но одговорено му е преку мелек(ангел) дека тоа на Аллах му е лесно и тој го создал човека кога ништо небил.Те создаде кога не постоеше па зарем неможе да ти се роди син кога ти веќе постоиш?
    „Господару мој,“ – рече – „дај ми некаков знак.“„Знак ќе ти биде тоа што три ноќи со луѓето нема да разговараш, а здрав ќе бидеш.“Јазикот му беше одземен, но не можеше со никој да разговара освен со гестикулации и единствено можеше да го слави Аллах и да ја учи Книгата. Му беше речено да во тие денови наутро и навечер од срце го велича Аллах. Кога го добил овој радостен знак(одземен говор) сиот среќен излегол од храмот во кој се молел пред својот народ и објавил да наутро и навечер Го слават Господарат: -И тој излезе од храмот кон народот свој и со знак им даде на знаење: „Славете Го наутро и навечер.“

    Не се знае како им е објавено но најверојатно со знаци им го кажал тоа.

    Потоа се роди Јахја алејхи селам.

    „О, Јахја, прифати ја Книгата одлучно!“ – а му дадовме мудрост уште додека беше момченце,“
    Во една прилика на Јахја останатите деца му рекле ајде со нас да се играме а тој им одговорил: „Не сме создадени за игра.“ Со што се укажува на неговата мудрост и сериозност.

    „И нежност и крепост, и богобојазен беше и на родителите свои добар им беше, и не беше дрзок и непослушен.“ – со што се мисли на неговата сомилост кон луѓето, а пред се кон родителите односно неговата љубов, внимание и доброчинство кон нив. Во овој ајет се опишува чедноста и чистотата на личност која со ништо не е расипана како и личност која се покорува на Аллах во извршувањето на Неговите наредби и се отргнува од неговите забрани.

    Возвишениот понатаму вели:
    „И нека е мир над него, на денот кога се роди и на денот кога умре и на денот кога од мртвите ќе стане!“ (Поглавје Мерјем, 1-15)

    Ова се три најтешки моменти врзани за едне човек, бидејќи за секој од нив минува од еден во друг свет и го напушта претходниот кој го запознал и на кој се навикнал. А заминува во друг во кој незнае што го чека. Затоа Аллах џ.ш. за секој од овие моменти вели дека Јахја ќе биде спокоен.

    Прекрасно кажал еден поет:
    Кога мајка те раѓа ти викаш и плачеш
    Додека другите околу тебе се смеат и веселат,
    Ти настојувај кога за тебе ќе плачат
    На смртната постела да бидеш весел и насмеан!
    Јахја и Иса во една прилика се сретнале па Иса му рекол на Јахја :„Замолив да ми се прости, затоа што ти си подобар од мене“, на што Јахја рекол: „замоли ти мене да ми се прости, затоа што ти си подобар од мене“, за ова Иса рекол „Ти си подобар од мене бидејќи јас сам за себе си реков мир и спокој, а за тебе тоа го рекол Аллах!“

    Тогаш Јахја сфатил што значи тоа, но Аллах и двајцата ги одбрал.

    Јахја бил братучед на Исус и негов современик и постар бил од него околу 6 месеци. За неговото рано детство познато е само дека бил Назареец кој живеел во пустина се хранел со скакулци и див мед, телото си го покривал со облека од влакно на камила и го врзувал со кожен појас. Ги подучува своите ученици на симболично(ритуално) миење(баптисување)– гусул во реката Јордан.

    Јасниот Курански израз за овој Пратеник – „хасур“ – укажуваат дека се работи за чеден, чист и побожен човек. Во јавност не се појавувал слично на Исус, се до својата триесетта година кога почнува со својата мисија на повик на покајување и крштевање на покајниците со вода. Големи маси на луѓе доаѓаа во пустината на Јудеја како би слушнале огнени говори на новиот пратеник.

    Покорните Израелци беа баптисувани(„крштевани“) во реката Јордан. Тој ги упозорувал фанатичните фарисеии и свештеници и рационалистичките садукејци на казната која им претстои. Им објаснувал дека ги крсти само со вода како знак на чистење на срцето и кроз покајување. Тој потоа навестил дека после него ќе дојде друг Пратеник кој ќе ги крсти со Духот свет(Рухул Кудус) и со огин кој пченицата ќе ја собере во својот амбар, а плевелот ќе го спали со неизгаснат оган.

    Понатака појаснил дека оној кој ќе дојде после него во својата големина, сила и возвишеност него толку ќе го надвивне, па тој нема да биде достоен ниту да се наведне како би одврзал и би го сврзал ременот на неговите обувки. При едно такво крштевање дошол и Исус од Назарет, загазил во реката Јордан и како секој друг бил крстен од пратеник. Марко(10/19) и Лука (3/21) кои известуваат за ова Исусово крштевање од страна на Јован, незнаат за изјавата Јованова каде што се наведува дека Крстителот му кажал на Исус:

    „Јас треба од тебе да сум крстен, а ти на мене ми доаѓаш!?“
    На тоа Исус му одговара: „Пушти не правичноста да ја исполниме.“(Матеј 3/14-15)

    Потоа го баптисувал. Во четвртото евангелие не се ни спомнува дека Исус бил баптисан, туку дека Јован кога здогледал Исус кажал: „Погледни јагне Божје..“(Јован 1/20) Во самите евангелија постојат контрадикторности околу односот помеѓу личностите на Исус и на Јован, така што во приказната кај Лука, Исус го познавал веќе Симон Петар кој го поставил за својот ученик, но и околностите на кој начин Јаков и Јован, синовите Зебедејеви, станале негови ученици се потполно за чудење во однос на другите евангелија. Во четвртото евангелие читаме дека Јахја незнаел кој е Исус се додека Духот во лик на гулаб не се спуштил и не застанал врз него. (Јован 1/34). Спротивно на тоа Лука ни кажува дека Јахја уште во утробата на својата мајка го познал Исус кој во тоа време се наоѓал во утробата на својата мајка Марија алејха селам и према нему сторил и наклон. Понатака наоѓаме дека Јахја додека се наоѓал во затвор каде и ќе биде убиен се уште не ја знаел мисијата на Исус.(Матеј 14-10). Во прашањата кои што свештениците и левитите му ги поставувале на Јахја наоѓаме многу тајни. Тие го прашале:

    „Дали си ти Месијата(Христос)? Дали си ти Илија(Илијас а.с.)?

    А кога тој негативно им одговорил тие кажале:

    „Ако не си ни Месија, ниту Илија, ниту Пратеник, зошто тогаш крстиш?(Јован 1 19-25)
    Многу е битно да се има овој факт дека четвртото евангелие го гледа Јахја алејхи селам како некој кој не е ниту месија, ниту Илија, а ниту пратеник. Затоа си земаме за право да ги прашаме свештениците на христијанската црква :„На кого тоа мислеле израелските свештеници под поимот Пратеник? А ако кажат дека незнаат тогаш да ни кажат папите и патријарсите. Ако тогаш и тие незнаат, тогаш нека ни одговорат од каде и каква корист ако постојат вакви противречности во Евангелијата? Но ако знаат кој е Пратеникот што е наведен, зошто тогаш молчат?

    Во горниот цитат Јахја јасно се изразил дека тој не е пратеникот. Меѓутоа од Исус се пренесува дека кажал:„Од сите кои се од жена родени, не се појавил поголем од Јован „крстител“.“(Матеј 9/11)

    Дали ова Исус навистина го кажал ова? Дали Јован Крстителот е навистина поголем од Авраам, од Мојсие, од Давид и од самиот Исус нека е Божји мир врз сите нив. Во што се состои неговата предност и големина? Ако ова е сведоштвото за синот на Захарие, тогаш големината на „оној кој се храни со скакулци“ можела да биде во неговото апсолутно одрекување од овој свет, од неговата свесиходна желба да луѓето ги повика на покајување и во неговата добра вест за „Пратеникот“.

    Или неговата големина билаво тоа како што Црквата го форсира дека тој бил братучед, современик и сведок на Исус. Вредноста и големината на еден човек се гледа низ неговото делување. Бројот на личностите кои преку Јовановите предавања се преобратиле и се очистиле со покајување потполно ни е непознат. Бидејќи други извори освен евангелијата не ни се достапни за да ја видиме вистината од тоа време ни останува само да претпоставуваме.

    Од Христос е пренесено како појаснил како Јахја е пратеникот Илија, на што се спротиставува одречниот одговор на Јован кој вели дека не е ни Илија ниту Христ , ниту Пратеник кој се очекува. Задачата со тоа станува уште потешка да ја најдеме историската врска и точната позиција на изјаснување кој бил всушност Јован во евангелијата, додека во Куранот изрично и јасно се тврди дека овие две личности не се обични луѓе, туку два Пратеника родени на многу чуден начин.

    Едниот немал татко, а другиот имал родители во поодминати години. Нема да се држиме до мислењата до евангелистите и „светите отци“ кои биле подржани од „светиот дух“ како главен инспиратор, туку ќе согледаме што ни кажува здравата и јасна логика. За Илија е кажано дека ќе дојде пред „Пратеникот“(Малахија 2/23), а Исус кажал:„Јован е Илија“, а Јован кажал:„Јас не сум Илија“. Ете тоа имаме сега пред себе. Затоа навистина е невозможно да преку ова се дојде до вистината и правото верување. Само кога ќе успееме да ја одвоиме лагата и погрешниот превод од вистината, дури тогаш ќе дознаеме што е вистинскиот превод и значење.

    Само духот на Исламот и чистиот монотеистички пристап може да ги препознае уфрлените делови иако тоа е неприфатливо за повеќето христијани. Веднаш таквиот дух препознава дека Пратеникот за кој зборуваме овде е никој друг туку Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем. Многу е битно да се знае дека муслиманите високо ги почитуваат и ценат сите пратеници спомнати во Библијата, а пред се тие кои што и во Куранот се спомнати. Исто така муслиманите веруваат дека апостолите(хаваријуни) кои биле ученици од Исус се многу чесни луѓе и избраници од Аллах џелле шануху. Бидејќи не ги поседуваме оригиналните списи неможеме на доследен начин да поверуваме дека еден на друг тие си опонирале.

    Друга битна точка е точката за молкот во Барнабиното(Евангелието по Варнава) евангелије за Јахја. Ова еванглие кое името на Јован воопшто не го спомнува своето претскажување за „моќниот Пратеник“ го става право во устата на Исус Христ. Тој во тоа за црквата „апокрифно“ евангелие наведува дека Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, е создаден пред сите души и дека со таква слава е овековечен да Исус и самиот себеси не се гледа достоен да клекне и да го одврзе ременот на неговата обувка. Јован во евангелијата при своите говори гласно говорел:

    „Јас ве крстам со вода за да се покаете и од грев да се исчистите. Но има некој кој ќе дојде после мене, а појак е од мене. Не сум достоен да го одврзам ни ременот на обувките негови. Тој ќе ве крсти со дух и со оган.“(Матеј 3/11)

    Овие Јованови зборови укажуваат на ориенталното достоинство и високиот респект кон „моќниот Пратеник“ и начинот на кој се дочекува високо ценет гост. Но тој се сметал себеси дека ни за тој чин не е достоен. Но една работа е доста препознатлива од овде, а тоа е дека сите го очекувале тој пратеник кој треба да дојде. Од тоа што нам ни е јасно е дека тој пратеник треба да дојде „после“ со што јасно го исклучува Исус кој е современик на Јован. Тоа е некоја неодредена иднина , светла иднина после која овој пагански Рим и расипаните свештеници кои ја искривиле „Тората“ и нејзините учења сакат неукиот израелски народ да го водат на погрешен пат, на пат на суеверија и затоа иако сакаат нивниот прататко Аврам да ги избави, Јован им укажува:

    „Вие си умислувате дека неможе ништо да ви се случи, бидејќи Авраам ви е ваш татко. Но јас ви велам: Бог може, од овој камен овде на Авраам да му создаде нови потомци.“ (Матеј 3/9)

    Израелќаните својата слаба надеж ја усмериле кон очекуваниот Месија, еден од потомците на куќата на Давуд, кого тие очекувале, како што и данас го очекуваат, дека ќе дојде и ќе го обнови Ерусалем.

    Второ да бил Исус тој што требало да дојде , тогаш Јован би му се подредил на Исус како негов ученик. Но небило така. Го наоѓаме Јован како држи говори, крсти , ги воведува учениците и ги прима, ги кори израелските свештеници и навестува доаѓање на „друг“ посилен Пратеник од него самиот, без воопшто да се сврти на тоа што е тука неговиот роднина по крв кој се наоѓа во Јудеја, односно Галилеја.
    Но секако тука наоѓаме и зборови кои сосема добиваат нејасен контекст:„Пушти не правдината да ја исполниме!“ како и други изрази кои од агол на монетеистичата вера се недозволиви и неразбирливи.
    Битот на Јовановата мисија е покорноста и дека секој е одговорен за своите гревови, поради тоа тој и повикува на надворешно крштевање(баптисување) или капење, како знак на опрост од гревовите, но таа цел се исполнувала само ако не би се вратиле на грешењето. Кога Исус би ги земал гревовите на луѓето тогаш таквата цел не би била потребна кај тие луѓе и тие повици на Јован крстителот се бесмислени и смешни да покрај Исус кој е најавен како јагне Божје(Марко, 6/ 14-29) да се спроведува духовно прочистување во негово присаство.

    Тврдењето дека задачата на Крстителот била за да се порамна патот за Исус е несоодветна и од кое било гледиште да го анализираме овој став, промашувањето станува очигледно. Наместо својот принц и крал, Ерусалем го отфрли својот принц, го постави на навреди и изживување, и со тоа вистинската мисија на Јован, како и на Исус, не била разбрана од христијаснките свештеници во вековите после нив, додека еврејските свештеници среќно си ги триеја рацете укажувајќи на погрешниот и паганистички концепт кој бил наметнат во верувањето како догма.

    Сосема различен од оној Бог во Тората, наеднаш се појави нов „бог“ во толкувањето на евангелијата. Сето тоа ќе предизвика големи пречки и големи последици во разбирањето на вистината од страна на генерациите после Исус, и таа битка на вистината ќе трае се до појавата на Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем.

    Евреите и христијаните постојано префрлаат дека Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, верата ислам ја воспоставил со сила и со сабја. Ние не велиме дека не ја користел сабјата, напротив тој бил принуден да ја употреби и тоа било со цел да зборот на Аллах триумфира, а зборот на неверниците биде долен. Секое трпение има граница и секое давање рок има свој крај. Тоа незначи дека Аллаховото трпение е ограничено, бидејќи Тој џелле шануху се совршено регулирал и на се рок му одредил. Приликите кои Аллах џелле шануху, Им ги дал на Израелците, евреите и арапите трајат повеќе од 4000 години. Неколку пати во овој огромен период, Тој џелле шануху дал пратеници, меѓу кои и свој Пратеник , Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, кој со моќ на сабја како со огин и со дух се пресметал со крволочните безбожници, неблагодарните аврамови чеда, како Исмаилити така и Израелци, и со силите на ѓаволот.

    Целокупната Старо Заветна историја е извештај на теократија и идолопоклонство, само од време на време би букнало по некоја искра од ислам и светлина, т.е. Аллаховата вера во Ерусалем и во Мекка, која постојано ѓаволот со помош на неверниците од човечкиот род ја згаснувал. Тие ѓаволски чудовишта се појавиле и ги гнетеле верниците. Потоа дошол Пратеникот Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, за да ги згази овие чудовишта и да ги поништи.

    Целта на борбата на Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, било поставувањето на верата на Ислам како Божје царство на Земјата кое ќе биде прибежиште за сите верници, а не било цел освета и уништување.

    Тоа што го кажал Јахја(Јован) :„Подгответе го патот за Господарот низ пустината, порамнете ги стазите негови!“(Матеј 3/3) и тој навистина укажал на верата на Господарот која дотогаш никаде небила испочитувана на тој начин како после Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, односно царството кое се приближило. Нешто слично седум столетија претходно Пратеникот Исаија ги изговорил за Кир и поради куќата во ерусалем и својот избран народ.

    Слично како и во претсказанието за Кир така и за Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, се повторило истото но пообемно сценарио. Пред говорите на Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, исчезнале идолопоклонството и паганизмите, а пред неговата сабја срушено е ѓаволското царство и децата на царството Божје станале еднакви. Бидејќи само во исламот сите верници се еднакви, нема свештеници ниту сакраменти и касти, ниту еден муслиман не е високо недостижен , ниту низок како долина, нема класни разлики, разликата е само по богобојазноста.

    Извор: Инфоисламик

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа