Молитвата во Библијата е иста како молитвата на муслиманите

Според исламската догма, Исламот е вера на сите Божји Пратеници, вклучувајќи ги Адам, Ное , Аврам, Давид, Мојсие, Исус и Мухаммед(нека е Божјиот мир и благослов врз сите нив).

Начинот на молитва кај муслиманите, при стоење, поклонување и другите движење не претставува нешто непознато за претходните традиции. Многу од христијаните и евреите го сметаат исламскиот начин на молитвакако смирувачки и инспиративен. Некои ја сметаат таа пракса за многу чудна. Сакам на сите да ви напоменам дека да бидеш муслиман тоа значи да се предадеш и покориш на Божјата воља.

Муслиманите од преданијата на Пратеникот а.с. научиле и го добиле своето мото за тоа како да живеат, работат, сакаат, да ги воспитуваат децата, делат милостина, обавуваат молитва и така натаму.

Поентата овде е дека кога муслиманите почнале да се молат тие го зеле примерот на Мухаммед а.с. и него го следеле.

Да го правеа истото христијаните и евреите и да ги земаа примерите на своите Пратеници кои се дадени во Тората и Евангелијата , денес и тие би се молеле на ист начин како и муслиманите.

Еве го мојот доказ.

Муслиманите пред молитва мораат да земат абдест – или ритуално перење пред молитва за да бидат чисти.

„Потоа Давид стана од земја, се изми, облече чиста облека, влезе во Божјата куќа и се фрли на земја(поради молитва).“ (Самуел 12:20)

„Треба да ги измијат своите раце и нозе за да не умрат. И да тоа постане наредба засекогаш на Арон и генерациите после него.“ (Излез 30:21)

„И Мојсеј и Арон и синовите нивни, обичуваа да ги мијат нивните раце и стапала.“ (Излез 40:31)

Кај самиот почеток на молитвата муслиманите ги подигаат нивните раце така што се исправени во висина на главата.

Eве Библијта што ни кажува:

„Ќе Ти се молам и ќе Те обожавам се додека сум жив и во Твое име ги подигам рацете мои.“ (Псалми , 63:4)

Муслиманите кога ги дигаат своите раце велат:„ Аллах(Единиот Бог ) е Најголем“

Библијата:

„Голем е Господарот твој, и најдостоен на нашата молитва во Градот на нашиот Бог и Неговото свето брдо.“ (Псалми 46:1)

Сите Пратеници Божји се молеле како што тоа го прават муслимание денес, и ова важи за Иса а.с. (Исус Христос) и неговите следбеници.

-„И Авраам падна на своето лице ничкум и Бог со него разговараше.“ (Книга на Постанок 17:3)

(Мојсие и Арон)
-„…паднаа со нивните лица ничкум величајќи го својот Господар.“ (Броеви 20:16)

(Јошуа)
-“…падна на лицето свое на земја кај Божјата арка, и така остана до самрак.“(Јошуа 7:6)

(за времето на Соломон)
„Се спуштија со лицата свои на земја покрај пат и се молеа.“ (Втора хроники 7:3)

За време на Неемије начинот на молитвата е јасно опишан:
-„…подигајќи ги рацете, и со спуштени глави се молеа на Господарот свој со лицата на земја.“ (Неемија, 8:6)

(Исус)
-“Се оддалечи малку понастрана , ја спушти главата на земја и почна да се моли.“ (Матеј 26:39)

Дури и апостолите на Исус се молеле:
-„…кога апостолите слушнаа за ова, се фрлија од страв со лицата свои на тлото.“ (Матеј 17:6)

(Елијах)
-„Се свитка на земјата и го стави своето лице помеѓу колена.“

(1 Кралеви 18:42)

За време на Соломоновото Царство:

-„…клечеа на колена покрај пат со лицата на земја и се молеа на Бог и му заблагодаруваа.“(Втора хроники 7:3)
“…паднаа пред тронот, со лицата на земја и се молеа на Бог. “ (Откровение 7:11)

„Дојдете да паднеме ничкум во молитва, и да се спустиме на колена пред нашиот Господар и нашиот Создател“ (Псалми 95:6)

„…кој се спушти во прашина, ќе клечи пред Него..“ (Псалми 22:29)

„…Маноах и неговата жена паднаа со нивните лица на земјата..“ (Судии 13:20)
„Кога сите луѓе го видеа тоа паднаа ничкум и плачејки говореа: „Господар е Бог, Господар е Бог.“ (Царства 18:19)

„..паднав на моето лице , плачев и плачев :„О Господару, Боже!“ (Езекиел,19:8)
„…Давид се упати од тоа место накај југ, и падна со лицето на земја, наведнувајќи се три пати…“ (Прва Самоилова 20:41)

„..И Јошуа падна со лицето на земја, се молеше и говореше: „Што му наредува Господарот на својот слуга?“ (Јошуа 5:14)

„И се прочу да кога Аврамовите следбеници слушнаа за неговите зборови, дека тој го обожувал Господарот свој со наведнување накај земјата.“ (Битие 24:52)

 

Првин мора да разбереме дека човечките суштества избрани од Бог(Пратениците) за да ја спроведат Божјата порака се најдобри човечки суштества воопшто.

Да не се следи нивниот пат и начин е нелогично и арогантно.

„И биди истраен во својата молитва; Давај редовно милостина; И поклонувајте се пред Бог со оние што веќе се поклонуваат.“ (Куран 2 :43)

Извор: Пораканамирот

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа