МОНОТЕИЗАМ – ВЕРУВАЊЕ ВО ЕДНОШТВОТО НА БОГА

Верувањето, дека Возвишениот Аллах(Бог) е Господар на световите и сопственик на сè, е дело на срцето. Тоа е догма која човекот ја прифаќа. Но, верувањето дека само Тој заслужува да биде обожуван, не се сведува само на догма и на принцип, туку го опфаќа и однесувањето, делувањето и обожувањето. Па кој ќе го одбие обожувањето на Бога или во обожувањето Му припише здруженик – не е верник.

Доколку се реализира верувањето дека Бог е Создател и Господар на световите, што би било тогаш обожувањето? Прво што ни паѓа на ум е дека обожувањето на Бога е спомнувањето на Бога, молитвата, постот, учењето на Куранот и слично на тоа, што приближува до Него. Ова е вистина. Меѓутоа, побожноста не се ограничува само на тоа. Секое корисно дело, шеријатски дозволено, кое верникот го извршува барајќи ја Божјата награда е побожност. Јаде, за да биде силен за извршување на она што му е заповедано.

Неговото земање на храна со оваа намера е побожност. Се жени за да се направи себе си и својата сопруга крепосни и честити, и неговата женидба е побожност. Стекнување на имот со таква намера е побожност, како и неговото трошење за семејството. Стекнувањето на знаењето и дипломата е побожност. Извршувањето на домашните работи од страна на жената, послужувањето на нејзиниот сопруг и чувањето на нејзините деца е побожност. Секое дозволено дело, под услов оној кој го извршува да има намера Бог да е задоволен, е побожност. Значењето на побожноста е широко и ги опфаќа сите корисни човечки дела. Веројатно ова значење и оваа смисла се искажува со зборовите на Возвишениот: „И џините(демоните) и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат!“

Извадок од книгата: Општ приказ на исламското верување 

Али Тантави

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа