Најдена копија од Евангелијето по Марко од првиот век?

На 1-ви февруари имав јавна дебата во капелата Хил со Даниел Валес, научник во областа на Новиот Завет и конзервативен христијанин евангелист, кој предава на бастионот за конзервативна религиозна теологија, Далас Теолошка Семинарија. Тој исто така е авторот на неколку книги помеѓу кои и Навраќање на корумпираноста на Новиот Завет и повторно откривање на Исус. Го познавам Дан повеќе од триесет години, уште од времето кога двајцата бевме постдипломци со сличен истражувачки интерес: моето поле на истражување (во тоа време и јас бев евангелист) беше текстуална критика, науката на древните грчки писанија на Новиот Завет и на тоа што тие можат да ни кажат за оригиналните ракописи на Новиот Завет; неговото поле беше граматиката во грчкиот Нов Завет.

Терминот “текстуална критика” е технички збор. Конкретно го изучува начинот на кој можеме да утврдиме што еден автор напишал во случаеви кога ги немаме неговите оригинални писанија, туку само нивни подоцнежни копии. Во случајот со Новиот Завет имаме многу иронична и проблематична ситуација. Имаме илијадници и илијадници копии, но, ниедна од нив не е оригинална, или е копија на оргиналот, или е копија на копијата на оригиналот.

Најголем дел од нашите копии датираат од стотици години после појавата на оригиналните ракописи. Самото тоа и не е некој проблем, освен за некои поврзани околности. Сите овие преживеани копии се разликуваат една од друга, даваат различна терминологија за конкретни стихови, страна по страна, низ целиот Нов Завет. Не знаеме колку разлики има помеѓу ваквите копии (по последните пресметки имавме 5560 копии од Новиот Завет на оригинален грчки јазик), но се претпоставува дека ги има стотици илијади. Мнозинството од научниците во областа сметаат дека има 300 000 или 400 000 разлики помеѓу копиите.

Најголемиот дел од овие разлики се неважни и немаат никакво значење освен да покажат дека древните христијански писари пишувале ништо подобро од најголем дел од луѓето денес. (Плус тие немале проверка на правопис! Дури немале ни речници). Но, некои од разликите имаат поголемо значење, влијаат на интерпретацијата на стихови, поглавја, па дури и на цела книга. Кога менувате зборови во еден текст, вие паралелно го менувате и значењето на тие зборови во тој одреден текст. Па така, битно е кои зборови оригинално биле користени.

Во последните 30 години, откако го запознав Дан, сум посветен на сериозно и прецизно истражување во делот на текстуална критика. Ова истражување беше дел и од мојата магистерска теза на Принстон Теолошката Семинарија,а подоцна и од мојата докторска дисертација. Имам објавено седум книги на оваа тема и многу текстови во научни списанија. Тоа е областа на која и посветив 20 години од мојата истражувачка кариера. Низ тоа време престанав да бидам евангелиски христијанин кој веруваше дека не само што можеме да ги реконструираме зборовите на оригиналните автори на Новиот Завет, туку и дека тие конкретни зборови беа инспирирани од Господ.

Јавната дебата што ја водевме со Дан, кој остана посветен евангелиски христијанин низ годините, беше за претходното прашање. Не за тоа дали зборовите во Новиот Завет биле инспирирани од Господ, туку за тоа дали можеме со релативно целосна сигурност да знаеме кои се тие зборови.

Разбирливо е што Дан мисли дека можеме да знаеме. Би имало многу мала смисла ако кажеме дека зборовите биле инспирирани од Господ ако всушност не знаеме кои се точните зборови. Што добро би имало од тоа ако зборовите биле инспирирани од Господ, а сега се изгубени? Од друга страна, јас имам сфатено дека и покрај нашите најголеми напори, во многу ситуации нема да знаеме точно кои биле тие зборови. Едноставно ги немаме тие докази што се потребни за да бидеме сигурни дека нашите реконструирани текстови, базирани на копии што се полни со грешки од пред стотици години, се токму тоа што авторите го напишале.

Во следни блогови ќе дискутирам различни аспекти на ова прашање. Овде само сакам да потенцирам едно прашање што се појави во нашата дебата.

Во дебатата потенцирав дека најраната копија од евангелието според Марко што ја имаме беше П45 (вака е наречена бидејќи е 45тиот ракопис на Папирус {оттука П} што бил попишан), која датира од 200 година, или 140 години после првото писание според Марко. Тоа е нашата најрана копија. Помеѓу оригиналот според Марко и најраната копија што ја имаме има 14 декади од копирање, и повторно копирање на Марко. Година по година, се повеќе копии се правеле, и со се поголеми промени во нив. И потоа подоцнежните копии се всушност копии на раните променети копии. Потоа порано променетите биле изгубени, како и копиите кои биле базирани на нив, и копиите базирани на вторите копии. Се до нашата прва копија П45 – која не само што не е целосна копија од Марко, туку е и многу неповрзана. Нашата прва целосна копија од Марко датира од 360 година – скоро 300 години после “оригиналот” според Марко.

Како одговор на мојата дискусија за време на дебатата, Дан објави едно иненадување. Сега имаме копија од Марко од првиот век, рече кон изненадената публика ( и изненадениот Барт). Кога беше прашан за повеќе информации, тој не можеше или не сакаше да каже. Но, очигледно многу е важно да се знаат деталите:

· Колку е голема оваа копија? Дали е комплетна копија на Марко? Или само дел? И ако е само дел, колку текст има во тој дел? 12 поглавја? 2 стихови? Нормално дека ова прави огромна разлика. Но, Дан не сакаше да каже.

· Како е датирана? Дан не сакаше да каже.

· Кој ја датираше? Дан не сакаше да каже.

· Дали некој го потврди датирањето со строго тестирање. Дан не сакаше да каже.

 

Се што Дан можеше да каже е дека ракописот е откриен; бил откриен од реномиран (но без име) палеограф (експерт во древни ракописи; така всушност се датираат древните писанија, со анализа на ракопис) кој “немал теолошки предрасуди” (не сум сигурен зошто Дан го потенцираше ова и што теологијата има врска со датирање на древни ракописи); и дека ќе биде објавена од реномираната издавачка куќа Е.Ј.Брил за”околу една година”.

Имам многу да кажам за оваа значајна објава, дел ќе кажам овде на јавниот форум а дел ќе зачувам само за делот со членови на мојот веб сајт. За овој форум, најпрво ќе кажам дека бев многу изненаден во тој момент, и сеуште ме чуди како прилично нетпична поента за Дан да ја направи во дебата, и се прашувам дали тоа го направи само за да “добие поен” наместо да даде корисна информација. Всушност, она што тој сакаше да го каже е дека спротивно на моето тврдење, постои копија од Марко од период близу до времето на оригиналот, и дека тој има докази кои ќе го побијат моето гледиште. Но, во суштина, тој вели “Нема да ти кажам ништо за овој доказ. Верувај ми!”

Навистина не мислам дека јавна дебата е место за споделување на докази за кои не сакаш да говориш. Ако не си спремен да ги споделиш доказите, тогаш не треба воопшто да се споменуваат (имам докази ама нема да ти ги кажам).

Згора на тоа, не разбирам зошто толкава тајност за овој “ракопис”. Зошто да не се сподели со нас каде била најдена копијата, кој ја нашол, колку е голема, кој ја проверил, од кое време е, дали неговите гледишта се независно потврдени? Дали е со намера за поголема продажба кога ќе биде објавена? Дали ваквата тајност е поведена од профити? Ако не е, тогаш зошто толкава тајност?

Дан многу пати беше прашан за повеќе информации, меѓутоа не сакаше да даде. Не знам дали тој го има ракописот, дали го има видено, дали негова книга ќе содржи информации од оваа копија, или е нешто друго. Единствена информација што успеав да ја добијам е дека не зборуваме за голем ракопис со многу текст (да речеме неколку поглавја, а во никој случај целото евангелие според Марко). Најверојатно е извадок од хратија со делови од по неколку стихови.

Друго нешто што ќе кажам за целата оваа работа е дека објавување на таков извадок како книга наместо во научно списание каде што тврдењата можат да бидат евалуирани и проверени од встински научници, е многу лош начин за промовирање на наука.

Но, ајде да кажеме дека датирањето е точно, и сега имаме извадок од Марко од првиот век. Дозволете ми да бидам првиот што ќе каже дека тоа е апсолутно фантастично! Нека се множат уште многу!

Дан како официјална информација има кажано дека ова ќе биде откритие исто толку значајно како Свитокот на Мртвото Море. Но, не е во право. Всушност, ако е само извадок, како што личи дека е, тогаш веројатно нема да промени ништо во целото поле на текстуалната критика на Новиот Завет.

Извор: Bart Ehrman Blog

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа