НАСКОРО НОВА КНИГА СО НАСЛОВ: „Библиските учења на Исус Христос кои се оживеани во исламот“

Општествената организација „Белиг“ од Скопје промовираше нова книга за сите љубители на компаративните религии, историјата, филозофијата.

Почитувани

Ни претставува особена чест и задоволство да ви ја претставиме книгата: „Библиските учења на Исус Христос кои се оживеани во исламот“ чиј автор е Маџид С. Ер-Реси.

„Оваа книга му докажува на искрениот читател дека Исус укажал на доаѓањето на Пратеникот Мухамед, и дека Мухамед оживеал многу од учењата на Исус. Во книгата се наведени напуштени библиски учења кои се оживеани во исламот со доаѓањето на пратеникот Мухамед.“ – вели, меѓу другото, авторот во предговорот на оваа книга.

Нашето уредништво се реши да ја подготви оваа книга на македоснки јазик со цел на читателите кои се припадниците на христијaнската и на исламската религија да им се предочат заедничките работи кои ги имаат овие две религии, со што би се олеснила меѓусебната комуникација и би се добил поквалитетен соживот во ова наше мултикултурно и мултирелигиско поднебје.
Книгата од босански јазик ја преведе Фатмир А. Ковачи, рецензијата ја направи м-р Џеват Хот, лектурата проф. д-р Виолета Пирузе, а техничкото уредување Абдурахман Салоски.
БЕЛИГ на својот FB профил секојдневно ќе објавува по едно поглавје од оваа книга, а во тек е процесот на печатење на книгата и се надеваме дека наскоро ќе ја имаме во нашите раце.

Редакција на БЕЛИГ

Можно е да е слика од книга

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа