Описот на Бог во Библијата за кој малкумина знаат

Пишува: д-р Барт Д. Ерман, библиски експерт од САД

Некои делови од еврејската Библија инсистираат на апсолутна невиност кај Израелците. На пример, тие не смеат да имаат контакт со надворешни влијанија кои би можеле на било кој начин да ја компромитираат нивната посветеност кон Јахве, Богот на Израел. Доколку дојде до тоа да бидат под влијание на туѓинци, Бог строго ќе ги казни; и понекогаш како дополнителна казна ќе нареди крвопролевање на туѓинците. Ова е гневот на Бог во неговата најекстермна и непопустлива форма.

Оваа тема е најексплицитно покажана во случајот на Мојсеј и Мадијанците, што може да се види во извадоците 25 и 31; извадоци за кои ќе се осмелам да кажам дека многу малку луѓе, читатели на блогот или не, ги имаат прочитано или барем посветиле малку внимание на нив. А, ова се помеѓу најужасните наративи во целата еврејска Библија.

Приказната почнува со група туѓинци, Моабити (жители на земјата на Моаб). Додека Израел се уште е во дивината за време на нивните 40 години лутање, пред влегувањето во нивната ветена земја, некои од Израелците мажи имале сексуални односи со жените на Моабитите, кои ги наведувале да му се поклонуваат на богот на Моабите Ваал-Фегор, во градот Пеор. Израелските мажи оделе на некои од паганските фестивали и учествувале во нив, или со тоа што ги одржувале своите љубовници среќни или чисто од релиигски причини.

Бог е налутен и му наредува на Мојсеј да ги казни лидерите на израелските племиња бидејќи очигледно не успеале да ги држат своите луѓе под контрола. Овие израелски лидери ќе бидат јавно избодени и разобилчени на дневна светлина (Броеви 25:4). Дополнително, секој што учествувал во ова грозно обожување на Ваал-Фегор, ќе биде егзекутиран (Броеви 25:5). Подоцна ќе научиме дека Бог испратил помор(чума) помеѓу целиот народ на Израел како одмазда за гревовите на некои од нив, убивајќи 24.000 луѓе.(Броеви 25:9).

Но, тоа е само почетокот на „проблемот“. Додека Израелците тагуваат за овие настани и умираат од поморот(чумата), еден Израелец носи жена од Мидиан во неговиот шатор, и еден верен роднина на Мојсеј, гневен, веднаш се справува со „проблемот“. Влетува во шаторот и ги прободува двајцата со копје додека имаат сексуални односи. Бог е многу задоволен од оваа религиозна жестокост и и става крај на поморот(чумата). (Броеви 6:18)

Но, казната не завршува таму. Бог потоа ги напаѓа Мадијанците кои лошо влијаат врз неговите избраници (на некои читатели ќе им биде чудно што Маријанците и Моабите малку се измешани во наративот; научниците обично аргументираат дека уредникот на Броеви ги искомбинирал двете приказни поради нивната сличност – блудноста на туѓинците и гневот на Бог против секој што учествува во тоа). И така Бог дава наредба за света војна во Негово име. (Броеви 31). Израелците се ќе опустошуваат како одмазда кон Мадијанците. Мојсеј испраќа војска од 12.000 војници. Војната е безмилосна. Израелските војници го убиваат секој маж од Мадијанците, вклучително и сите пет кралеви кои владеат со различни делови од нивната земја (Броеви 31:7). Потоа Изреаелците ги земаат сите жени и деца како заробеници, заедно со нивните животни и вредни предмети, и ги палат сите градови.

Но, како што изгледа, дури ни ова не е доволно да ги задоволат барањата на Бог. Жените и децата на Мадијанците беа земени како робови, но, Мојсеј е бесен: и жените не требаше да бидат поштедени од масакрот (Броеви 31:15). Токму туѓинските жени беа проблемот. Тие беа оние што ги наведуваа израелските мажи да се поклонуваат на Баал (сите жени биле криви?!). Па затоа, мораше да се справат со нив. Не е доволно само да бидат робинки. Ниту пак децата не беа поштедени?!

Мојсеј дава наредба секое машко дете да биде убиено, заедно со секоја жена што некогаш имала секс (дури и тоа да било со нејзинот сопруг). Им дава наредба на израелските војници да ги поштедат девојчињата кои никогаш немале секс. Или барем делумно. Мојсеј им кажува на своите војници да ги задржат девојчињата девици “за себеси”. Но, за што поточно да се задржат? Или едноставно се робинки, или поточно, бидејќи критериумот за нивното избегнување на смртта е сексот, тие се сега сексуални робинки (Броеви 31:16-18). Се што беше вредно украдено – волови, магариња, овци, кози, злато, накит, и слично е поделено помеѓу војниците и остатокот од Израелците, со тоа што еден дел е понудено во храмот на Бог (златото може да се користи за бродови поврзани со богослужение).

Низ годините запознав многу малку читатели на Библијата на кои им се познати ваквите библиски приказни. И претпоставувам дека тоа има смисла: колку луѓе што неодамна ја прочитале Броеви познаваш? Но, ова постои во Библијата, книгата што евреите и христијаните ја сметаат за свето писмо од почетоците.

Како треба еден човек да постапи со ваква приказна?

Оние малкумина кои ја знаат оваа приказна, често се обидуваат да ја омекнат или да ја оправдаат: Бог е праведен, и тој инсистира неговите луѓе да бидат чисти и имуни на надворешни влијанија; понекогаш тоа бара построги мерки. Но, дали навистина? Дали жените и децата (вклучително и бебиња!!!) мораше да бидат убиени во ладна крв за Израелците да не бидат заведувани да обожуваат други богови? Како тоа младите девојки кои биле невини може да бидат “задржани” од израелските мажи? Каква религија е ова? ова е Богот на кој ти сакаш да му служиш?

Мислам дека не постои начин да се заобиколи колку е ова ужасно. И сосема оправдано можеме да прашаме: Дали е ова Богот на кои луѓето сакаат да му се поклонуваат? И, да му служат? Ако е така, не треба ли тие да го направат тоа што тој им го бара, и да ги убијат сите оние кои можеби ќе ги наведат на блудност?

Претпоставувам дека најголем дел од читателите ќе речат дека ова се исклучителни околности, а не модел за однесување. Но, дури и да е така, убивање на невини луѓе бидејќи веруваат во нешто друго? Убивање на бебиња?

Многу христијани се разбира ова го препишуваат на Стариот Завет и ќе речат, или дека ова покажува како било порано или покажува колку е ужасна еврејската вера во релација со тоа што дошло покасно, со религијата на љубовта што може да се најде во Новиот Завет.

Во мојата книга ќе аргументирам дека ова (често) размислување не може да биде поткрепено во однос на книгата на Откровение која зборува за непријателите на Бог. Всушност, масакрот на невините Мадијанци бледее во споредба со гневот на Бог на крајот на времето, кога Исус повторно ќе дојде, кога ангелот на Бог го испраќа својот срп да ја жнее земјата и ги фрла мртвите во ”виното исцедено од гневот на Бог” додека крвта тече “високо како уздата на коњ на далечина од двесте милји” (Откровение). И во Откворение што се случува *пред* најлошото да се случи на крајот, кога секој на земјата – маж, жена, дете од секоја нација – кои не му служат на Бог како што треба се фрлени во Езерото на огнот. Каде е милоста на крстот ако е условена со казна во Пеколот?!

Сериозна грешка е да се мисли дека Богот на Новиот Завет (од почетокот до крајот) проповеда само љубов и милост.

Но, исто така е грешка да се мисли дека сите автори на Новиот Завет имаат исти погледи за Бог.

Без разлика дали некој го смета ова за религиозно важно, интересно или задоволувачки, мислам дека како историски исказ е точно и вреди да се забележи дури и за тие како нас кои не се верници.

Извор: The Bart Ehrman Blog

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа