Ортодоксните Евреи бараат забрана за ословувањето на Исус Христос како Бог во Израел

Некои ултра-ортодоксни Евреи имаат намера да го забранат ословувањето на Исус Христос како Бог и проповедањето на Евангелието во Израел бидејќи тоа е спротивно на нивните верувања.

Дали христијаните можат да бидат казнети за споделување евангелски пораки во Израел?

Двајца ултраортодоксни еврејски членови на Кнесетот, Моше Гафни и Јаков Ашер, предложија закон со кој ќе се забрани секој обид да се убедат луѓето во Израел да го прифатат Исус Христос како Месија и Бог.

Законот ќе ги казни прекршителите со затворски казни. Ова може да предизвика ново триење меѓу Израел и американските евангелисти, кои се меѓу најголемите поддржувачи на државата Израел.

Како што пишува израелскиот портал All Israel News, според предлогот на тој закон, „секој што ќе говори за христијанската вера и ќе се повика на тоа, ќе биде казнет со затвор од 3 години“.

Поранешниот американски амбасадор за меѓународна верска слобода Сем Браунбек предупреди дека законот е закана за слободата на говорот и верската слобода.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата партија Ликуд ги отфрлија ваквите прекршувања на слободата на говорот и верската слобода и веруваат дека во Израел мора да се дозволи претставување и изразување дури и непопуларни ставови и дека правата на верските и етничките малцинства мора да бидат заштитени според владеењето на правото.

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа