Првиот познат Aнгличанец кој го прифатил исламот?

Вилијам Хенри Квилијам (William Henry Quilliam), син на методистички христијански проповедник, е првиот познат Англичанец којшто го прифатил исламот за своја вера.

Вилијам Хенри Квилијам го прифатил исламот во 1887 година, после својот краток престој во Мароко, а по прифаќањето на исламот како средишно име го става името Абдуллах наместо дотогашното Хенри. Вилијам Абдуллах Квилијам (William Abdullah Quilliam) две години после прифаќањето на исламот, во Ливерпул го основал првиот Ливерпулски исламски инсититут. Овој институт во практична смисла служел како џамија и центар за собирање на растечката муслиманска заедница. Освен тоа, Вилијам Абдуллах Квилијам основал и училиште за деца и сиропиталиште. Вилијам Абдуллах Квилијам подоцна бил прогласен за лидер на британскиот остров, а бил активен и во пишувањето на исламски книги. Една од своите книги за исламот и ја подарил на кралицата Викторија, а таа побарала уште неколку копии од книгата за исламот и за своите деца. Кралот Едвард VII го прогласил за лидер на муслиманите во Велика Британија. Вилијам Абдуллах Квилијам бил истраен во ширењето на исламот во Велика Британија. Со негова заслуга исламот го прифатиле околу 600 Британци. Меѓу нив бил и лордот Хенри Стенли од Олдерли (lord Henry Stanley od Alderleya).

Квилијам тврдеше дека муслиманите не треба да „земаат оружје“ против другите муслимани во име на немуслиманите. За време на војната во Судан, Квилијам објавил памфлет во кој се наведува дека секој британски муслиман кој одлучил на некој начин да и помогне на експедицијата, дејствувал „спротивно на шеријатот“. Неговите политички ставови и верност кон османлискиот калиф наведоа некои да го осудат како предавник. Неговото наследство главно го подржува Здружението Абдула Квилијам, кое е основано во 1996 година. На друштвото му помагаат академици, вклучувајќи го Рон Гивс, порано од Универзитетот Хоуп во Ливерпул и Мехмет Шекер од Универзитетот Докуз Ејлул. Друштвото нуди и сместување на универзитетски студенти.

Извор: Инфоислам

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа