Ракописната традиција и историјата на Библијата

Светото писмо Текстовите од каде што е напишана денешната библијата се поделени на повеќе категории текстови и таканаречени фамилии на текстови каде што секоја фамилија си има и своја текстуална традиција. Septuaginta (латински збор за 70) своето име го добила откако во 3-от век пред Исус, 72 (седумдесет и двајца) евреи во Египетската Александрија се нафатиле да ја преведат Тората од Хебрејски на Грчки јазик, и за 72 дена Тората била преведена на Грчки јазик. Бројот 72 бил заокружен со 70 и често се пишува или познато е како верзија LXX ( LXX = 70 ). Но Septuaginta не содржи само превод на Тората (петокнижието) туку во неа се наоѓа целиот стар завет. Septuaginta ili LXX се латиснки ознаки , додека во Грчкиот јазик евидентирано е со титулар : ΚΑΤΑ ΤΟΥΣ ΕΒΔΟΜΗΚΟΝΤΑ (Kata tous Hebdomêkonta = или со други зборови 70 ). Легендата за настанувањето на Septuaginta или LXX Легендата за настанувањето на Septuaginta или LXX, не враќа назат до писмото на Аристеас во кое писмо е евидентиран настанот на преведувањето на Тората (петокнижието од Мојсеј) од Хебрејски на Грчки јазик, во времето на Птолемаиос II (285 – 246 п.н.е).

Наводно откако Деметриус од Фалерон, кој во тоа време бил одговорен за Библиотеката во Александрија, Тората на Еврејски јазик сакал да ја прифати во Грчката Библиотека во Александрија, тогашниот Еврејски вискорангиран Рабин (свештеник) Елезар по барање на кралот Птоломер, испратил 72 високо образовани Евреи, по 6 од 12 племиња на Израел во Александрија, кои пак со себе понеле ролни во кои била напишана Тората (петокнижието на Мојсеј) на островот Фарос каде и што била преведена за 72 дена, по кое Деметриус бил потписник на завршеното дело. Во писмото се наведува дека уште пред да му се презентира на кралот, тие ја презентирале на јавноста, и според пишаното, тоа било и прифатено.

Приказната во писмото на Аристеас била земена од Флавиус Јосефус и Фило од Александрија кои што ја прошируваат легендата и велат дека : сите 72 високо образовани Евреи кои работеле на преводот, давале слични преводи еден со друг, (нагласокот слични е бидееќи никој од нив не работел на заеднички превод туку секој засебе на свој превод, со што на крај преводите им биле слични но не и идентични, со што се подразбира дека имале разлики еден од друг превод).

Потоа следеле преводите и на останатите книги од Стариот завет, каде што најпознат од преведувачите е Јесус Сирач (132 год. п.н.е) Според денешните научни одкритија дојдено е до заклучок дека: писмото на Аристеас е напишано помеѓу 150 – 100 год. п.н.е и дека таму прикажаните легенди немаат историско значење, и преводот на Тората од Хебрејски на Грчки јазик е само предпоставка дека се преведувало во околината на Александрија. Денес Septuaginata важи како едн од најверодостојните документи на кој се потпираат денешниве цркви. . Разновиднитe категории на текстови и нивното настануванје Текстовите од каде сто е напишана Библијата се поделени на повеке категории текстови и таканаречени фамилии на текстови каде што секоја фамилија си има и своја текстуална традиција . Денеска воглавно се разликуват 4 групи на текстови или се поделени на 4 текстуални фамилии од кои : 1. Александрискиот текст ( настанат во Египет) 2. Западниот текст (настанал во западна Африка и Рим ) 3. Византискиот текст ( исток, Константинопол = Византија ) 4. Цесариа текст ( настанал во Палестина ) Овие групи на текстови се наречени со имиња според местата каде што настанале.

Овие вида на текстови различно се вреднуваат, и меѓу најверодостојните текстови се вбројат тие кои спаѓаат под Александрискиот текст. Но во времето кога во запад се зборувало и се пишувало само латински , во тоа време многу се потпрале на Грчкиот НЗ кој што бил пишан од текстовите кои што спаѓаат под Византиската група на текстови. Но и покрај тоа денеска пред се им се дава предност на текстовите од Александрискиот текст, поради правилата и критериумите кои ги поставиле Библиските изучувачи и текст критичари за вреднување на текстови . Покрај овие групи постои уште една посебна група, таканаречени Лазари. Лазари се делови во кои се напишани само неколку збора или една реченица а кои не спаѓаат во нитуедна група од горенаведените. Текстови кои спаѓаат под Александриската група или видови на текстови Алеџандриските текстови денеска се сметаат дека се нај автентични и под Александриската фамилија спаѓаат : 1. П75 (Бодмер XIV-XV = Фрагменти од Лк и Јох) 2. П66 (Бодмер II = Евангелиите), 3. П46 (Чхестер Беатти II = писмата на Павле), 4. П72 (Бодмер VII / VIII = писмата на Петар и писмата на Јуда), 5. Кодекс  (Кодекс Синаитицус; околу 340 после Христос.) 6. Кодекс Б (Кодекс Ватицанус; околу 300 – 325 после Христос.), 7. Кодекс Ц (Кодекс Епхраеми ; околу 5 Јх.) 8. Кодекс Л (Кодекс Региус, 8 Јх. = Евангелиите) 9. Кодекс Q (Кодекс Гуелфербiтанус Б, 5. Јх.) 10.Кодекс Т (Кодекс Боргианус, 5. Јх.).

Библиолозите и текст критичарите тврдаат дека овие видови текстови трпеле коректури и ревидирања со изземање и додавање на зборови и цели цитати , но за тоа ќе пишувам понатака, кога ќе се запознаеме добро со основите, почетоците. Групата на западниот текст Под групата на западниот текст спаѓаат : 1 . Кодекс Д (Кодекс Безае, 5. Јх.; кој што е главен застапник и предводник на сите останати текстови од оваа група) 2 . Манускриптите од Северна Африка (Тертуллиан, Циприан, и неколку старолатински преводи), 3 . Манускриптите од Италиа (Новатиан, неколку латински преводи ) и Источна Франција (Иренеус). Но многу карактеристични Лазарти исто така се наоѓаат на Исток (Татиан, и Ветус Сира ) И еден добар дел во Александриа (некои цитати од Клеменс, во П 66 ( Јован 6-7), во С (Јован 1-8), и во w (Марк 1-5) За овој вид текстови има јасни индиции дека не се сочувани со големо внимание. Пример поради додавањата кои се направени тука апостолските дела во кодекс Д се за 10% со поголема содржина за разлика со текстовите на апостолските дела кои ги наоѓаме во другите групи те. фалилии на текстови.

Истотака се забележени трагови и тенденции да се хармонизираат текстовите Отценувајќи ја староста на овие текстови и географската сирочина во која се распространети овој тип текстови, Библиските текст критичари се почесто размислуват во насока да овој вид текстови целосно се отврлаат од употреба Византискиот вид на текстови Под оваа група на текстови спаѓаат: 1. Кодекс А (Кодекс Александринус; од 450; но само во Евангелиате), 2. Стихови од Антионските свештеници ( Каппадоциер, Крисостомус (починат 407, Тхеодорет од Кипар); Оваа група ја сочинуваат 80% од Грчкиот МСС на НЗ. Што е тоа “МСС” ќе објаснам во текстовите кои следуваат. И овој текст влијаел на Александриус текстот и на текстот во Рим (Хиеронимус) каде што покасно од Крисостомус било донесена во Константинопол со која станал водечкиот и највлијателниот текст во источната црква ( Православието ) Лазарите од Византискиот текст по важноста важат воглавно како секундарен приоритет поради промените кои се правени таму. Таканаречениот “Текстус рецептус” спаѓа под Византискиот вид на текстови со посебен вид на Лазарти, за која Мартин Хеиде вели дека е единствениот вистински Библиски текст Групата Цесариа текстови Поранешните истражувачи мислаат дека во Евангелиите нашле 4-та група на текстови која е репрезентирана во следните ракописи: 1 П45 (Честер Беатти, во 200год. posle Isus.) 2 Kодекс Вашингтонианус (w), 5. Јх.) 3 Две Минускел групи 0, ф1 и 4 Цитати од Оригенес (во МК), Еусебиус и Кирил од Јерусалем и.т.н но сомнително е дали треба да претставува своја сопствена група на текстови поради тоа што тука претставените Лазарти се мешавина помеѓу Александрискиот и Византиските текстови.

Кодекс Синаитицус Кодекс Синаитицус е Египетски Библиски Манускрипт кој што се предпоставува дека датира од 4 век . Кодексот го сочинува еден голем дело од СЗ и целосно НЗ и спаѓа во Алексанриската група на текстови , во Јован 1.1-8, 38 спаѓа под западниот вид на текстови или група. Кодексот бил откриен во 1859 од страна на Константин од Тисендорф во Катхариен клостер во Египет.

Содржината на Кодекс Синаитицус е во поголемиот дел од СЗ и целосно НЗ од Матеус па се од Откровение , исто така ги содржи и две Апокрифни ракописи, и писмото од Барнаба. Во неа како први книги се редени Евангелијата, кои се проследени со писмата од Павле , па Апостолските дела , останатите писма и на крај Откровението на Јован. Првата најава за постоењето на Кодекс Синаитицус била во 1862, но дефинитивната публикација била во 1911 и 1922 од Оксфорд Университѕ Пресс.

По доведувањето на Кодексот во Британскиот Музеј во 1933, од тамошните Палеолози била детално истражувана меѓу кои и со Ултравиолетово Светло по сто Х.Ј.М Милине и ТХ. Скеат во 1938 ги објавија резултатите(Scribes and Correctors of Codex Sinaiticus), Во текстапаратите Кодекс Синаитицус се пишува и заведува како א (Алепх) . Покрај сопствениот текст во Кодекс Синаитикус содржи повеќе несоггласувањаа и корегирања на истите : каде со првобитниот текст била корегирана од коректори уште во Скрипториум. Оваа варијанта на текстот е ознацен како -א-а.

Подоцна веројатно според претпоставките во 6 или 7 век една група на Коректори во Цеасара направиле многубројни промени во текстовите на СЗ и во текстовите на НЗ . Промените се означени како א ца и א цб Лазарите на Новиот Завет Како што нагласивме предходно, Лазартите се состојат од еден збор па се до група зборови или една реценица од Грчкиот текст на НЗ . како што е наведено во ракописите. Моментално постојат околу 5000 ракописи на НТ и 200.000 Лазарти, но се употребуваат само тие со постар датум кои што датираат до 5 век , и тоа само тие кои што во себе го сочинуваат минимум 50% од Библискиот текст ( се прашувам што ли напишале во останатите 50% од текстот и под чија инспирација?) Тука спаѓаат Кодекс Синаитикус (С), Александриус (А), Ватицанус (Б), Епхраеми (Ц) од кои што (С) е единствениот кој што го содржи целосниот текст и во споредување со (А) и (Б) како што велат Библиолозите нема ни целосни 3000 несогласувања или спротивставувања од кои пак со гордост велат дека само околу 300 се со големо значање останатото не е толку битно бидејќи се работи за промена на зборовите, промена на имињата на местата изоставување на зборови и додавање на други зборови.

Сето тоа за нив е небитно и тоа официјално се околу 2700 такви несогласувања за кои тие сметаат дека се небитни, но што е со тие 300 за кои и самите велат дека се проблематични поради тоа што директно ги допира основните начела на нивното веруванје.) Пример: Јован 1:4 во изворите (А),(Б),(Ц) и неколку други ракописи е напишано: ВО НЕГО БЕШЕ ЖИВОТ Додека во извотор (С) и неколку други Кодекси пишува: ВО НЕГО Е ЖИВОТ Ова се две различити значања со огромна разлика , првата верзија ни покажува дека тоа е минато и е завршено , додека втората верзија ни покажува дека тоа трае и не завршува, била во минатото, е во сегашноста ќе биде и во иднина. Ова се два сосема различити значања во Библијата на македонски јазик е превземен стихот од првата верзија. Втор пример: Јован 1:18 изворите (А) и (Р) =Резептус и неколку други ракописи кои влијаеле многу во преводите на Библијите во западните простори од 1600 до 1900) Пишува вака : ЕДИНОРОДЕНИОТ СИН….

Додека во изворите (С), (Б), (Ц), пишува: ЕДИНОРОДЕНИОТ БОГ… Во Македонската библија до 90’тите години пишуваше ЕДИНОРОДЕНИОТ СИН… Но тоа е сега променето и сега стои: ЕДИНОРОДЕНИОТ СИН-БОГ… Од каде сега стана син-бог можете да видете дека незнаејќи од кој извор да се земе, се одлучиле да ги земат стиховите од двата извора со тоа што од СИНОТ направија СИН-БОГ , иако во изворите не постои никаде СИН-БОГ туку постои или СИН или БОГ зависно на кои извори ќе погледнеме , но овие изгледа си создаваат своја нова верзија… ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН Глава 1 18 Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот СинБог, Кој е во прегратката на Таткото, Тој Го објави.” Исто така гледајки ја денешнава Библија и читајќи ја неа ќе утврдиме дека во денешнава Библија се наоѓаат стихови кои во старите манускрипти не постојат Пример: Во изворот (А) не постојат следните стихови : Матеј.1,1-Матеј.25,6; Јован.6,50 – Јован.8,52; 2.Кор.4,13 – 2.Кор.12,6: и.т.н Во изворот (Б) не постојат стиховите : Хебр.9,14 – Хебр.13,35; 1. и 2. Тимотеј; Титус, Филемон, Откровение и.т.н Во изворот (Ц)фали голем дел од НЗ.

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа