Што е тоа што те прави среќен?!

Среќата е прекрасно чувство.

Што мислиш, што е тоа што те прави среќен? За што размислуваш, дали твојата среќа е во заработувачка на толкави количини на пари кои си ги видел кај некој друг и за кои мечтееш? Или, можеби во сферите на среќните ќе те воздигне задоволството на твојот работодавач или директор на работа? Можеби очекуваш дека среќата ќе ја постигнеш во топол и пријатен дом за кој мечтееш?

Мислиш ли дека ќе те направи среќен убавица поради која многу ноќи си поминал буден? Зарем мислиш ако сето ова го оствариш ќе бидеш среќен?

Не! Никако!

А ти, ценета сестро, дали и ти живееш во исчекување на принцот од твоите соништа? Дали веќе си го замислила неговиот лик, неговите особини, дали во своите уши слушаш пријатни зборови кои ти ги кажува? Мислиш ли, дека ќе бидеш среќна ако тоа го постигнеш? Сметаш ли дека ќе бидеш среќна ако ти се оствари тоа што мечтееш? Можеби веруваш дека ќе бидеш среќен ако добиеш некоја положба или место за кои копнееш? Или можеби си помислил дека твојата раса, твојата боја на кожа и твоето потекло се предуслов за среќа?

Ех…драг мој пријателе…што мислиш, што ти одредува дали ќе бидеш среќен или несреќен? Сакаш ли да го слушнеш одговорот? Ако сакаш да го слушнеш тогаш отвори го своето срце за упатство и вистина!

А вистината гласи: ти си единствен кој е одговорен за својата среќа! Кога ќе одлучиш цврсто и непоколебливо дека ќе го следиш патот на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем, одлука полна со сила, силни амбиции и силна волја, тогаш немој да се плашиш за својата иднина. Ќе бидеш среќен кога потполно ќе се потпреш на Возвишениот Аллах, а потоа на својата сила и енергија која Возвишениот Аллах ти ја дал. Биди сигурен во себе, во својата способност, својата енергија и талент, верувај во себе, верувај дека можеш нешто да направиш и нешто да смениш. Е дури тогаш пред тебе ќе се отвори широка врата и ќе влезеш во одаите на неизмерно добро и среќа, па дури на овој свет и ништо да не поседуваш.

Таков беше нашиот Пратеник, Мухаммед, салаллаху алејхи ве селлем, роден е како сираче и Аллах го прати за целото човештво со оваа благородна вера. Во тој момент, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, не поседувал ништо. Немал никаков имот, положба ниту власт. Не можел да се заштити себе си и своите асхаби од константните напади и вознемирувања. Курејшиите го злоупотребувале, го изолирале цели три години, а 13 години бил угнетуван и потценуван, но гладтта и поижувањето не го одвратила од зацртаната цел. Никогаш не изгубил надеж, не паднал во очајување во доставување на своите благородни мисии. Очајот му бил непознат, непријателот никогаш немал можност да ужива во неговиот очај и безнадежност. Неговото срце било силно, амбициите величествени. Пред нив исчезнувале сите други амбиции, а пред нив сите ридови се рушеле! Го предводеше умметот… Го предводеше светот на џините и луѓето, Арапите и неарапите, сите светови со светло и упатство: Елиф-Лам-Ра, Книга кога ти ја објавуваме да ги изведеш луѓето од темнина на светло.

Зборувајќи за својот шејх Ибн Тејмијје, Ибн Кајјим рекол: „Го слушнав Шејху-л-ислам Ибн Тејмијје како вели: ,На дуњалукот(овој свет) има џеннет(рај), оној кој во него нема да влезе, нема да влезе ни во ахиретскиот (оносветскиот) Џеннет.’ Во друга прилика ми рече: ,Што ми прави мојот непријател? Мојата џеннетска бавча е во моите гради. Каде и да одам, таа е со мене, не ме напушта. Ако ме уапсат, тоа ми е осамување со Аллах. Ако ме убијат, тоа ми е сведоштво на Аллаховиот пат, а ако ме прогонат, па тоа ми е туристичко патување.’ Аллах ми е сведок, дека попријатен човек од него никогаш не сум видел, и покрај апсењата и прогонувањата на кои беше изложен. Иако беше злоупотребуван и мачен, беше пријатен, со широки гради, силно срце. Отсјајот од џеннетските бавчи се прикажуваше на неговиот лик. Секој пат кога ќе ни биде тешко, кога ќе падневме во очајување и ќе се исплашевме, кога земјата ќе ни станеше тесна, одевме кај него. Само кога ќе го видевме и ќе ги слушнеме неговите зборови, сите грижи и потиштеност исчезнуваа. Нашата тешкотија се претвараше во ширина на градите, нашата слабост во сила, а нашите сомнежи во цврсто убедување. Славен нека е Аллах кој му го дал Својот Џеннет пред да пресели.“

Ти, со Аллахова помош, си единствен кој со силата на својата одлучност, можеш нешто да направиш и да ги промениш работите на подобро, во себе и околу себе. Доколку тргнеш по Аллаховиот пат, знај дека си ја наметнал наметка на среќа и задоволство.

Извор: ИсламБосна

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа