Свештенството

Свештенството во времето на раѓањето на Месијата Исус Христос

Свештенството паднало на најнизок степен кога илјадници неуки и невработени свештеници се препуштиле кон баење, гатање и не учествувале во просветување на народот и извршување на службата Божја. Единствено, такви просветни работници биле писарите.

Писарите биле од редот на фарисеите, кои наспроти садукеите, признавале и други книги и се потпирале на нив во меѓусебните односи. Во времето на Месијата многу свештеници се занимавале со прорекување и гатање, но тоа не го правеле во самиот храм. Исто така, голем број на писари и вероученици делувале на подрачјето на еврејскиот народ, но не се вбројуваат во редот на верски великодостојници бидејќи на тоа место се обраќале само по наследен пат.

Луѓето се свртувале кон неофицијалното свештенство и таму се обраќале. Постоело и едно советодавно тело кое се викало Синедрион (евреј. Санхедрин). Имало 71 член. Тие биле во постојана врска со државната власт. Ова тело било составено за тешки прекршувања на Законот, но хиерархиски над нив биле Римјаните. Донесување на пресудата припаѓала на римскиот намесник.

Синедрионот имал овластување да им суди на Евреите за спорови од областа на нивната вера и за претстапи како богохулење, тие без да ги прашаат Римјаните извршувале смртна казна. Интересно е да се знае во врска со Ерусалимскиот храм кој го градел Ирод е тоа дека храмовите кои тој ги градел, сместени во Масадеа, Тиберија и Цезареа, биле пагански храмови1 и култови во кои се обожувале пагански божества, што е сосема спротивно на верувањето на чистиот монотеизам, навидум поддржуван од тогашните Евреи.

Не е случајно зошто свештениците го поддржале Ирод во градењето на вториот храм,што секако предизвикало револт кај другите групи и кај народот кој не сакал со нивните даночни пари да се градат пагански храмови.2 Околу 19 година п.н.е, Ирод Велики, назначениот цар на Евреите од страна на Римјаните, почнал со изградба на трет и многу поголем храм, во кој била извршена масивна реконструкција и проширување на храмот изграден во 520 година п.н.е. Овој Храм на Ирод постоел сè до 70 година од новата ера кога е уништен од Римската армија.3

Извадок од книгата „Од Исус до Мухаммед“ – сличностите и разликите помеѓу исламот и христијанството

Фусноти:

1) Паганските храмови Ирод ги градел за Хелените и Сиријците, односно Феникијците наречени во Библијата уште како Хананејци.

2) Јосиф Флавиус (Flavius Josephus): The Jewish War.

3) A) Josephus.F (1988). B) Schonfield.H.J (1967).

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа