Текстот на Новиот Завет: Дали се релевантни пишаните традиции на останатите антички текстови?

Имав три дебати со Дан Валас (авторот на Навраќање на корумпираноста на Новиот Завет и повторно откривање на Исус) на тема дали можеме да знаеме со (релативна) сигурност колку е “оригинален” текстот на Новиот Завет. На крајот на денот, мојот одговор обично е “не знаеме”. Поради практични причини, научниците кои го истражуваат Новиот Завет се однесуваат како да знаеме што всушност пишувал Марко, или Павле, или авторот на 1 Петрова. И ако требаше да погодувам, би рекол дека во најголем дел од случаевите веројатно би биле близу со претпоставката за што пишувал авторот. Но, вистината е дека никако не можеме да знаеме со сигурност. Нашите копии се напишани многу подоцна од времето кога авторите ги пишувале оригиналите, до толку што и покрај тоа што имаме тони примероци на Новиот Завет, немаме многу такви кои што се напишани во истиот период кога се пишувани оригиналите, и е невозможно да се каже колку овие текстови биле променетипомеѓу времето кога првите оригинални текстови се појавиле и појавата на нашиот прв ракопис.

Како што кажав, моја претпоставка е дека оригиналните текстови не се премногу променети, меѓутоа нема начин да го знаеме ова со сигурност. Ова и не е толку битно за најголем дел од нас. Едноставно ќе си замислиме дека ги читаме фактичките зборови на Марко, Павле или 1 Петрова, и потоа ќе преминеме на интерпретација. Ова е неопасна фикција, дури и корисна од многу причини, за кои би дискутирал во некој нареден пост.

Во овој пост би сакал на кратко да го дискутирам вообичаениот контра аргумент на Дан. Ние всушност имаме толку многу ракописи на Новиот Завет, повеќе од било кој древен автор, штo придонесува многу полесно да разбереме што овие рано христијански автори пишувале, за разлика од текстовите кои датираат од стариот век. Неговата поента е дека не агонизираме околу прашањето дали зборовите кои ги читаме во дијалозите на Платон се всушност негови напишани зборови. Истото важи и за драмите на Еврипид, историите на Лајви или Тацитус, епопеите на Хомер, итн. Ако немаме проблем да ги прифатиме творештвата што се слични на “оригиналите” на овие писанија, зошто тогаш да не прифатиме и за Новиот Завет?

Дан потоа продолжува со статистики. За некои класични автори имаме само еден ракопис, или неколку, или ако сме среќни – стотици. Во некои позитивни примери, како што е Хомер, имаме стотици преписи (иако никогаш не стигнало до илијада). А за Новиот Завет? Имаме преку 5560 преписи – само на оригинален грчки јазик. Многу, многу, многу повеќе од било кој класичен автор. И како што Дан би рекол, за Новиот Завет имаме “многу повеќе опции од тоа што би можеле да искористиме”. Како што не се сомневаме во преписите на споменатите автори, зошто создаваме специјални проблеми за авторите на Новиот Завет и тврдиме дека не знаеме што тие напишале?

Дозволете ми да направам три поенти за ова тврдење.

Прво, не е точно дека научниците се сигурни во тоа што точно напишал Платон, Еврипид или Хомер, а е базирано на преживеаните преписи. Всушност, секој искусен класичар ќе ви каже дека постојат и отсекогаш постоеле огромен број на аргументи за сите овие преписи. Најголем дел од луѓето не знаат за овие аргументи поради едноставна причина што не се обучени класичари. Да се сфати што Хомер напишал – под претоставка дека постоел Хомер ( постојат големи дебати околу тоа; како што вели брат ми, кој што е класичар, “Илијадата не беше напишана од Хомер, туку од некој друг што се викал Хомер” – е извор на научна дебата што постои повеќе од 2000 години!

Второ и поважно: само поради тоа што сме во полоша позиција со други автори од тоа што сме за авторите на Новиот Завет не значи дека можеме да бидеме сигурни во тоа што авторите на Новиот Завет го пишувале. Јас сум многу посилен од мојата внука која е 5 години. Но, не сум ни близу доволно силен да кренам камион од половина тон. Да, но ти си многу пати посилен од неа. Не е важно. Не сум ни близу до доволно силен. Ние имаме многу повеќе преписи на Новиот Завет од било кое друго древно писание. Но, тоа не значи дека знаеме што кажувале оригиналните текстови. Ние немаме ни близу до доволно од вистинските видови на преписи. Ова води кон мојата трета поента.

Трето, и покрај тоа што имаме многу преписи, најголемиот дел од нив се релативно доцна датирани и не се таков тип на преписи кои би ни овозможиле со сигурност да знаеме дека имаме големо доближување до “оригиналниот” текст. 94% од прежиеваните грчки преписи на Новиот Завет датираат од после 9тиот век. Тоа е 800 години после таканаречените оригинали. Што полза имаме од овие преписи? Ќе ни користат ако сакаме да знаеме кои текстови на Марк, Пол и 1 Питер се читале 800 години по пишувањето на оригиналните текстови. Но, истите тие се од многу помала вредност кога се работи за тоа да знаеме што всушност авторите напишале 8 векови порано.

Како што ќе објаснам во мојот нареден пост, тие преписи за кои би можеле со некоја сигурност да кажеме дека знаеме што пишувало во “оригиналниот” текст – многу рани и многу опширни текстови – едноставно не постојат.

Така, апсолутно е точно дека Новиот Завет е многу подобро докажан од било кои други древни писанија – пагани, еврејски и христијански. Но, исто така е точно дека само овој факт не може да ни даде сигурност за тоа што авторите оригинално пишувале.

Извор: The Bart Ehrman Blog

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа