Како верникот најдобро да го искористи моментот во една минута

Времето е човековиот живот.

Најбитно е животот да го сочуваш од немар и неработење. Мудар е тој кој ќе се посвети да го искористува времето на најдобар начин, поради тоа што животот не ни е (посуда) за безвредни работи и празни приказни, туку вложување труд во добри дела со кои е Аллах с.в.а. е задоволен.

Поради тоа човекот се труди да им користи на другите луѓе. Секоја минута од твојот живот е како каменот со кој ја градиш кулата на чест и гордост со кој можеш да се воздигнеш високо, или да помогнеш некому да биде среќен, па макар било тоа и трошка сторено добро.

Ако се трудиш да го постигнеш ова величанствено дереџе(степен), и ако сакаш да допринесеш да другите во твојата околина бидат среќни, тогаш заборави на ленчарење, а помеѓу тебе и играта стави завеса.

Во само една минута може да се стори големо добро и залужи голем севап(награда). Само една минута може да ти го продолжи животот ,да ја зголеми твојата продуктивност, да го зајјакне памтењето, и да ги зголеми добрите дела. Во твојата книга на дела, за само една минута може да се запишат многу работи, само кога би знаел како тоа да го сочуваш и искористиш.

Ова што ќе го наведеме овде се само некои дела кои може да се сторат во една минута:

  1. Во само една минута можеш да ја прочиташ сурата Ел-Фатиха, полека и во себе, и да заработиш 1400 севапа-добри дела, како што го израчунале тоа некои научници. Ако ја проучиш седум пати, тогаш тоа е 9800 севапи, и сето тоа во една минута.
  2. Во само една минута можеш да ја проучиш сурата Ел-Ихлас или на нас попозната како Кул-хуваллаху, дваесет пати полека во себе. Учење на сурата Ел-Ихлас рамно е на третина од Кур’анот, а учењето на сурата 20 пати, рамно е на тоа како да си го прочитал Кур’анот седум пати. Ако ја проучиш сурата секој ден во рок од една минута дваесет пати, тогаш тоа е за месец дена 600 пати, во година 7200 пати, што значи дека ќе бидеш награден како да си го прочитал Кур’анот 2400 пати.
  3. Во една минута можеш да проучиш една цела страница од Кур’анот.
  4. Во само една минута можеш да научиш напамет еден краток ајет.
  5. Во една минута можеш дваесет пати да изговориш :„Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике лех, лехул мулку ве лехул хамду ве хуве ала кулли шеј’ин кадир“. Наградата за ова учење е како да си ослободил 8 робови на Аллаховиот пат и тоа потомци на Исмаил, а.с.
  6. Во една минута можеш да изговориш „субханаллахи ве би хамдихи“ 100 пати. Кој тоа ќе го изговори ке му се опростат гревови ма макар биле колку и морска пена големи.
  7. Во една минута можеш да изговориш 50 пати: „субханаллахи ве би хамдихи субханаллахил-азим“. Два збора лесни на јазик, а тешки на вага ,а драги на Милостивиот. (Бухари и Муслим)
  8. Аллаховиот Посланик с.а.в.с. кажал: „Подраго ми е да кажам “субханаллахи вел хамдуллилах, ве ла илахе иллаллаху, валлаху екбер”, отколку она над што изгрева сонцето.“ (Муслим) Овие зборови може да се повторат 20 пати во минута. Истовремено овие зборови му се најдраги на Аллах с.в.т., додека нивната тежина на вага е огромна.
  9. Во една минута повеќе од 40 пати можеш да изговориш “ла хавле ве ла кувете илла биллах”. Овие зборови преставуваат една од џенетските ризници, како што пренесуваат Бухари и Муслим, а истовремено му помагаат на човека да поднесе потешкотии и да заслужи големо дереџе.
  10. Во една минута можеш да изговориш 50 пати “ла илахе иллаллах”. Ова е највеличанствениот збор, збор на тевхидот-монотеизмот, оној на кој му бидат овие последните зборови, ќе влезе во џеннет-рај.
  11. Во една минута можеш да изговориш 15 пати “субханаллахи ве би хамдихи адеде халкихи ве рида нефсихи зинете аршихи ве мидаде келиматихи”. Ова се зборови кои значат повеќе отколку самиот теспих и зикр, како што се пренесува од Посланикот с.а.в.с.
  12. Во една минута можеш да побараш прошка од Аллах с.в.т., повеќе од 100 пати со зборот “естагфируллах”. Непроценлива е вредноста на овие зборови: истигфар е причина за влез во џеннет, опростување на гревови, причина на убаво живеење, зголемување на снагата, оттргнување од невољи(грижи), олеснување во работата, спуштање на дожд, зголемување на имотот и дарување пород.
  13. Во една минута можеш да донесеш 50 пати салават на Посланикот с.а.в.с., со зборовите “Салаллаху алејхи ве селем”, поради тоа над тебе Аллах ќе донесе 500 салавати.
  14. Во една минута можеш да изговориш зборови кои се вредни кај Аллах с.в.т. до таа мера да се во еден момент пред смртта наместо заслугата Џехенем може да се заслужи Џеннет.
  15. Во една минута можеш да размислуваш за настанокот на небесата и на Земјата па да бидеш вброен во оние кои се обдарени со разум и кои Аллах с.в.т. ги пофалил во Својата Книга.
  16. Во една минута срцето може да ти се исполни со благодарност кон Аллах, љубов, страв, надеж и желба за Него и Неговото Лице и задоволство. На тој начин можеш да постигнеш големо дереџе во покорноста на Аллах и тоа додека се опушташ и одмараш во креветот и својата соба.
  17. Во една минута можеш да прочиташ две страници корисна книга.
  18. Во една минута можеш да се јавиш кај некого од твојата фамилија со телефонски позив.
  19. Во една минута можеш да ги подигнеш рацете и да довиш со кренати раце.
  20. Во една минута можеш да повикаш селам некому и да се ракуваш со голем број на луѓе.
  21. Во една минута можеш да наредиш да се прави добро или да спречиш некое зло.
  22. Во една минута можеш да го посоветуваш својот брат.
  23. Во една минута можеш да учествуваш во некое добро дело, т.е. да вложиш убав шефат-да се заземиш за некого на кого тоа му е потребно.
  24. Во една минута можеш да го развеселиш тажниот и да бидеш причина да му се оттргнат грижите.
  25. Во една минута можеш да тргнеш нешто што смета на патот.

    Salah: The Second Pillar of Islam | Muslim Aid

Една правилно искористена минута води кон друга правилно (целисходно) искористена минута, во која може да се направат добри дела за кои не е потребно вложување посебен труд или дел од имотот. Значи, во секој момент: во колата, во прошетка, седејќи, лежејќи, и во сите други позиции можеш да правиш добри дела, кои се причини за среќата, широкоградност и отргнување на неволјите и грижите.

Ова е еден совет до секого да запомне или да се инспирира или да ги препише овие точки и да се потсети што се може да сториме во една минута како верници. Да видиш колку си го искористил своето време и колку си им помогнал на своите браќа муслимани. Ниедно добро дело немојте да го заборавите или да го потцените. И за крај, секогаш треба да имаме на ум дека во изврѓувањето на сите добри дела присутноста на срцето и искрената намера е многу важна.

Превземено од “www.kaleemat.org” / Инфоислам

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа