Некои од точките на Мединскиот устав

Првиот официјален Устав на муслиманите. Ова е документот на Веровесникот Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, составен помеѓу муслиманите Курејшии и Јесриб(Медина) и оние кои ги следат и се приклучат да се борат со нив.

  1. Тие (жителите) сочинуваат една заедница (уммет) без разлика на другите луѓе.
  2. Верниците нема да остават свој член под товар и обврска (долг и семејство) а да не го помогнат со добродетелство.
  3. Богобојазните верници треба да бидат против насилниците помеѓу нив или против оној кој прави било која врста на неправда, насилство, грев, неппријателство или неред помеѓу верниците. Сите мораат да бидат против таквиот дури некој бил и дете на некој од нив.
  4. Верникот несмее поради неверник да убие верник. Тој нема да помогне неверник против верник.
  5. Верниците се навистина едни на други помагатели и заштитници без разлика на останатите луѓе.
  6. Оние Евреи кои се членови на државата се стекнуваат на право на помош и подршка. Никој нема да им прави неправда ниту на некој ќе му помогне против нив.
  7. Богобојазните верници се наоѓаат на најјисправното и најјубавото упатство.
  8. Евреите ќе ги делат трошоците со верниците се додека се наоѓаат под воено дејство.
  9. Евреите на племето Бену Ауф шрават заедница со верниците. Евреите ја имаат својата вера, а муслиманите својата. Ова важи за нив самите, а и нивните штитеници. Оној кој прави насилство, или греши, нема да упропасти никого освен себе и своето семејство.
  10. Евреите треба да ги подмират своите трошоци, а муслиманите своите.
  11. Ќе се потпомагаат сите меѓусебно против непријателите на потписниците на оваа повелба, и едни со други ќе се потпомагаат во правење на добро, а не на зло.
  12. За сите спорови и несогласувања помеѓу потписниците на оваа  повелба за кои се стравува дека можат да предизвикаат неред треба да се обрати на Аллах и на Мухаммед, Аллаховиот Пратеник.
  13. Меѓу нив (потписници на повелбата) мора да биде меѓусебното потпомагање против оној кој ќе го нападне Јесриб (Медина).
  14. Оваа повелба нема да заштити насилник и грешник од одговорност. Сигурен ќе биде оној кој ќе излезе од Медина и оној кој ќе остане во неа, само не оние кои неправда или грев чинат, а Аллах е со оние кои чинат доброчинство и кој е богобојазен и Мухаммед е Аллахов Пратеник.

    Божјиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, со својот асхаб Ебу Бекр се упатил кон Медина во 622 година по Иса, алејхи селам, оставајќи го својот роден крај во којшто бил роден и во кој израснал. После 13 години трпење на втерување во лаги, репресија и малтретирање заминува во вториот дом во којшто жителите го дочекале со добредојде и широкоградност, па поверувале во него и ги вложиле своите иметоци и животи во негово чување и помагање на него и неговата вера.

     Во Медина, Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, воспоставил исламска држава и поставил прв граѓански Устав во историјата и тој е познат како Мединската повелба. Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, во него го потврдил мирниот соживот помеѓу поединците и различните друштвени групации и вери и се грижел за правата на малцинствата што небило познато во претходниот период.

    Извор: Инфоислам

За авторот

Горан Димитриески е блогер и истражувач на ориенталните цивилизации.

Коментари

Најнови видеа